Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • 15 пливачи од 6 земји во трка за освојување медал на 36. Охридски пливачки маратон

15 пливачи од 6 земји во трка за освојување медал на 36. Охридски пливачки маратон

1 min read
15 пливачи од 6 земји во трка за освојување медал на 36. Охридски пливачки маратон

Охрид, 25. август 2023 (ИНПРЕС) – Утре од 10:00 часот од Св. Наум ќе започне 36 издание на Охридскиот пливачки маратон.

Во водите на Охридското Езеро на патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри ќе пливаат 15 натпреварувачи од шест држави, меѓу кои 6 се од Македонија.

– Аргентина учествува со двајца пливачи, Италија со тројца, Турција со двајца, Холандија и Франција со по еден пливач и домаќинот Македонија со шест пливачи. Девет пливачи се во машка, а шест во женска конкуренција. Наградниот фонд изнесува 12.000 евра распоредени се за прво место 2.500 евра, за второ 1.500 и трето место 1.000 евра. Новина оваа година се два летечки спринта со награда од по 500 евра во машка и женска конкуренција, рече Ристе Јанкоски координатор на организациониот одбор на Охридскиот пливачки маратон.

Наградите на најдобрите ќе им бидат врачени утревечер од 20:00 часот на платото пред хотелот „Палас“, за каде е предвидена и културно уметничка програма со КУД „Отекс“ и ансамбл „Билјана“, а присутните ќе уживаат и во традиционална храна.

Во програмата на Охридскиот пливачки маратон е и младинската работилница на Програмата за развој на Обединетите нации и ССОУ „Св. Кирил и Методиј“ што ќе започне во 14:00 часот на Кеј Македонија.

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков потенцира дека оваа година е зголемен квалитетот, како на натпреварувачите, така и на нивниот број во однос на лани. Додаде дека новитети ќе има секоја година и ќе се оди на подобро.

– Чест ми е што го направивме Охридскиот пливачки маратон да биде круна на еден сосема нов концепт како Фестивалот на водени спортови, каде што ние како локална самоуправа целосно застанавме зад овој проект и едноставно самиот настан Охридскиот пливачки маратон, традицијата, 36. издание или 61 година од почетокот на одржувањето на маратонот како манифестација го заслужува епитетот круна на Ohrid water festival, истакна градоначалникот Пецаков.

Охридскиот пливачки маратон е во техничка организација на Клубот за спортови на вода „Охридски Бранови 2008“, а покровител и поддржувач на настанот е Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Националната пливачка федерација. Во организацијата на маратонот ќе бидат вклучени и претставници на Капетанија Охрид, Езерската полиција Охрид, СВР Охрид и Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Започна 12-от Фер плеј куп, учествуваат над 2.000 натпреварувачи од 7 земји
Next Во недела аудиција за упис на нови членови во професионалниот детски хор „Бамбино“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.