Охрид, 31. јули 2025 (ИНПРЕС) – На 30-ти јули 2025 во 05:15 часот пред казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Единицата за брзо распоредување го приведоа Е.И.(20) од Охрид поради нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка со две малолетни лица од Скопје.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
