Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • 205 години откако е напишана, „Тивка ноќ“ останува омилената божиќна песна

205 години откако е напишана, „Тивка ноќ“ останува омилената божиќна песна

1 min read

Салцбург, 25. декември 2023 (ИНПРЕС) – Секоја година на 24-ти декември, стотици луѓе од целиот свет се собираат пред капелата во австриското село Оберндорф, 20 километри северно од Салцбург и заедно ја пеат најпознатата божиќна песна, „Тивка ноќ“.

Таа за првпат била изведена на 24-ти декември пред 205 години и оттогаш е препеана на повеќе од 300 јазици и дијалекти. Голем број музичари од најразлични жанрови ја имаат снимено песната, од Елвис Присли преку Нет Кинг Кол до Мараја Кери, а верзијата на Бинг Крозби е третиот најпродаван сингл на сите времиња.

Во провинцијата Салцбург има шест мали музеи кои ги истражуваат потеклото на песната и животите на двајцата луѓе кои је создале: свештеникот Јозеф Мор и органистот и учител Франц Ксавиер Грубер. Еден се наоѓа во Оберндорф.

Во пресрет на Бадник во 1818 година, Мор го замолил својот пријател Грубер да компонира мелодија за поемата што тој ја напишал две години порано. Задоволен со резултатот, Мор уште истата вечер ја вклучил песната во кратката церемонија по божиќната миса.

Во изминатите два века, „Тивка ноќ“ стана глобален културен феномен, а УНЕСКО во 2011 ја вклучи во листата на светско културно наследство. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на дел од булевар „Туристичка“
Next Волшебната новогодишна бајка со Биби и Боби овој петок во Охрид

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот
1 min read

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.