Истанбул, 2. мај 2015 (ИНПРЕС) – Во немирите и судирите со полицијата во Истанбул се повредени 18 демонстранти и шест полицајци, а 203 лица беа приведени.
– Демонстрантите, кои сакаа да стигнат до плоштадот Таксим, беа проверени. Запленети се две гранати, едно огнено оружје и 54 молотови коктели, се вели во официјалното соопштение на полицијата.
Демонстрантите фрлаа по полицијата со камења и запаливи бомби и се обидоа да ги подигнат барикадите поставени на улиците. Како одговор, властите употребија водени топови и солзавец. Групи демонстранти се обидоа да стигнат до плоштадот Таксим и да организираат митинг. Плоштадот беше ограден со железна ограда, и го чуваа неколку стотици полицајци. (Крај)
извор: АФП фото: АП
