Охрид, 26. мај 2026 (ИНПРЕС) – Членовите на Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) доминираа на престижниот Меѓународен турнир „Barletta Challenge 2026”, што се одржа во Италија, а на кој учествуваа над 300 натпреварувачи од 9 земји од Европа.
МТТФ учествуваше со пет натпреварувачи во две дисциплини спаринг и форми. Нашите теквондисти доминираа со неверојатен биланс од 5 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал, претворајќи го турнирот во вистинска демонстрација на квалитет, дисциплина и шампионски карактер закитувајќи се сите со златен медал.
– Она што посебно го прави овој успех историски е фактот што за првпат златните медали се побројни од сребрените и бронзените заедно – симбол на новата победничка ера на македонското традиционално таеквон-до. Секој настап, секоја борба и секој освоен поен беа резултат на огромна работа, дисциплина и посветеност. Македонските натпреварувачи покажаа храброст, техничка супериорност и победнички менталитет достоен за најголемите европски сцени. Европа доби јасна порака – македонското традиционално таеквон-до чекори кон уште поголеми победи. Голема благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал”, Општина Охрид и Министерство за спорт, вели претседателот на федерацијата, Марјанчо Лазаревски.

Клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец уште еднаш покажа дека е еден од двигателите на македонското таеквон-до, освојувајќи вкупно 6 медали и доминирајќи во повеќе категории.
Анастасија Чулческа
🥇 Злато – спаринг борби младинки У-18 (-60 кг)
🥈 Сребро – форми плав појас младинки У-18
Теодора Тодороска
🥇 Злато – спаринг борби јуниорки (-60 кг)
🥈 Сребро – форми зелен појас јуниорки
Миа Танеска
🥇 Злато – форми црвен појас кадетки
🥉 Бронза – спаринг борби кадетки (+50 кг)
ТК Мастер
Даниел Стојаноски
🥇 Злато – спаринг борби кадети (-40 кг)
Анастасија Ристеска
🥇 Злато – спаринг борби јуниорки (+64 кг). (Крај)
извор: ИнПрес фото: МТТФ
