Охрид, 7. април 2026 (ИНПРЕС) – Богатата фото архива на InPress посведочи дека Охрид на денешен ден во 2025 годинабил под снежна покривка.
Пред само 365 дена во градот владеела зимска атмосфера, а денес доминира сончево и топло пролетно време, со сосема поинаков амбиент.
Оваа споредба јасно ја отсликува променливоста на временските услови, но и способноста на градот секогаш да изгледа впечатливо, без разлика на сезоната.

Иако станува збор за ист датум, оваа фото споредба нé потсетува дека природата не следи секогаш строги правила, а Охрид останува препознатлив по својата убавина во секое годишно време. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
