23 нови случаи на COVID-19, нема новозаболени лица во Охрид

23 нови случаи на COVID-19, нема новозаболени лица во Охрид

Скопје, 8. јуни 2021 (InPress) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.853 тестирања, при што се регистрирани 23 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство.

По градови:

• Скопје 9
• Куманово и Прилеп по 3
• Струмица и Кичево по 2
• Битола, Гостивар, Гевгелија и Радовиш по 1

Пријавени се вкупно 4 починати лица: 3 лица од Скопје (76, 76 и 77 години) и едно лице од Куманово (71 години).

Регистрирани се 32 оздравени пациент од:

• Скопје 13
• Радовиш 4
• Битола и Кратово по 3
• Прилеп 2
• Гостивар, Куманово, Штип, Струмица, Кочани, Кичево и Берово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 818.746 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.441, бројката на оздравени пациенти е 149.528, на починати е 5.462, а бројот на активни случаи изнесува 451. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство