Започна уривањето на платформата на плажата „Куба либре“ (Фото/Видео)

Започна уривањето на платформата на плажата „Куба либре“ (Фото/Видео)

Охрид, 9. јуни 2021 (InPress) – Под засилено полициско обезбедување, рано утрово започна отстранувањето на платформата на една од најатрактивните плажи на брегот на Охридското Езеро, плажата „Куба либре“.

Според првичните информации, поранешните концесионери на плажата сами ја отстрануваат платформата и опремата.

– „Куба либре“ е најповолниот понудувач на последното јавно наддавање, кое се’ уште не е завршено по вина на надлежните органи, и нема добиено никакво решение за рушење. Иако во моментов се постапува дел доброволно, дел присилно од страна на државата, „Куба либре“ започнаа сами да ја отстрануваат платформата. Постапката не е законска, се игнорира фактот дска постапката за јавно наддавање која би го решила статусот на плажите во Охрид кои се издават под закуп не е завршена. Тоа е сериозно пречекорување на овластувањата на општина да ги решава надвор од правните регулации нејзините проблеми со раководење со обалата. Решение нема официјално и не знаеме што ќе се руши. Полицијата е непотребна, но свесен сум дека е тука за секок случај. Струјата е исклучена противзаконски објектот не работи, очигледна е волјата кај закупците да се постапи по напатствијата на општина наложени од УНЕСКО.
„Куба либре“ има поднесено барање до општина за одлагање на ова извршување, но не е постапено по истото. Штети се материјално оштетување на платформите, без основан правен основ. Штета на вработените кои не можат да работат, се заканува ризик од колабирање на еден сериозен субјект. Ќе страда цел туристички сектор и Охрид. Ќе се преземе адекватна реакција, истакна адвокатот Михаил Кичеец, правен застапник на „Куба либре“.

Охридските плажи „Куба либре“, „Кадмо“, „Бела Виста“, „Канео“ и „Потпеш“ од пред два дена се без напојување со електрична енергија. Овие плажи се опфатени со ГУП-от, но немаат договори за концесија.

No description available.

No description available.Вчера продолжи акцијата за уривање на бесправно изградените објекти на потегот кај плажата „Корали“. Уривањето кое на овој потег започна пред два дена, а се одвива со тешка механизација која ги отстранува објектите и ги расчистува остатоците и инфраструктурата на плажата.

Со последните акции продолжува расчистувањето на објектите на плажите, кое до неодамна беше најактивно пред Авто кампот „Елешец“ и плажата Atlantic Beach, односно претходно на плажите после хотелот „Метропол“. (Крај)

извор: InPress фото/видео: InPress