Свечено отворен новиот „Тамаро“ маркет во Велгошти (Фото/Видео)

Свечено отворен новиот „Тамаро“ маркет во Велгошти (Фото/Видео)

Охрид, 9. јуни 2021 (InPress) – Во присуство на бројни пријатели и деловни соработници, најголемиот локален ланец маркети, охридскиот „Тамаро“ денеска отвори нов маркет во Велгошти.

– Сега сме уште поблиску до нашите купувачи во овој дел на градот. На површина од над 250 м2 им нудиме врвен квалитет и комплетна понуда производи, но и најдоброто од „Тамаро“ пекарата, слаткарата „Анабела“, свежо овошје и се’ што им треба за домот. Време е за модерно купување, за уште еден, нов маркет во големото „Тамаро“ семејство, со супер поволни цени и понуда за сечиј вкус и џеб. Маркетот се наоѓа на улицата „Илинденска“, во близина на игралиштето во Велгошти. Ве очекуваме со екстра промотивни цени и специјални изненадувања за најмладите, порачуваат од „Тамаро“.

Охридските „Тамаро“ маркети се водечки во овој регион, со најсовремено опремени маркети и комплетна понуда во Охрид и поширокиот регион. (Крај)

извор: InPress фото/видео: InPress