Георгиески: Српските туристи ова лето ќе бидат ослободени од плаќање паркинг во Охрид

Георгиески: Српските туристи ова лето ќе бидат ослободени од плаќање паркинг во Охрид

Белград, 10. јуни 2021 (ИНПРЕС) – Сите српски туристи во Охрид ова лето ќе бидат ослободени од плаќање паркинг, а ваква одлука ќе биде донесена на следната седница на совет, најави од Белград градоначалникот Константин Георгиески, при примопредавањето на фрагментот од оградата на српското собрание на актуелниот претседател Ивица Дачиќ.

Оградата од ковано железо што ја красеше вилата „Билјана“ му е вратена на српското собрание. Станува збор за зачуван фрагмент од оградата што се наоѓал пред парламентот во Белград, во периодот од 1936 до 1956 година, по што бил демонтиран и пренесен во Охрид.

Нема достапен опис

Со ова ќе посветиме внимание на оваа зграда и ќе одбележиме 85 години од почетокот со работа и одржување на првата седница на српското собрание.

Градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиевски свечено ќе му го предаде фрагментот од оградата на српското собрание на актуелниот претседател Ивица Дачиќ
– Јас им се заблагодарувам на министерот Бујар Османи, на градоначалникот на Охрид и на Амбасадата, што така бргу реагираа. Во последно време имавме низа чекори кои севкупно сочинуваат една коцка во мозаикот кои ја покажуваат вистинската слика како нашите односи треба да бидат братски и пријателски и би сакал така да останат и понатаму, изјави Дачиќ.

Градоначалникот Георгиевски, изјави дека примопредавањето на дел од оградата е знак на пријателство меѓу двата народа и ги покани граѓаните на Србија да го посетат Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива