Евроамбасадорот Гир: Нема место за нелегалните градби на крајбрежјето на Охридското Езеро, треба да се отстранат

Евроамбасадорот Гир: Нема место за нелегалните градби на крајбрежјето на Охридското Езеро, треба да се отстранат

Охрид, 10. јуни 2021 (ИНПРЕС) – Нема место за нелегалните градби на крајбрежјето на Охридското Езеро и треба да се отстранат, напиша на својот профил на Твитер евроамасадорот во земјава, Дејвид Гир.

– Уникатното природно и културно богатство што го поседува регионот – признаено од УНЕСКО – мора да биде заштитено. Заштитувајќи го наследството на Охрид сега, ние исто така инвестираме во работни места и унапредувањето на услужните дејности сега и во иднина, напиша Гир.

Можно е да е слика од 1 лице, океан и текст кој вели „EU Ambassador David Geer @Amba... 9m Illegal constructions have no place at #Ohrid lakeside and should be removed. The region's unique natural & cultural wealth- recognized by UNESCO must be preserved. By protecting Ohrid's heritage now, we also invest in jobs & the hospitality industry today & tomorrow #RuleOfLaw“

Градоначалникот Константин Георгиески изрази благодарност за поддршката во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Особено сум горд што нашите стратешки партнери од ЕУ, ги препознаваат нашите заложби за почитување на законите и владеење на правото, со што ставаме крај на децениската деградација на крајбрежјето, вели Георгиески.

Амбасадорот Гир и на почетокот на годинава, при посетата на Охрид ја потенцира поддршката на Европската унија на она што е направено и наредните чекори со цел зачувување на ова уникатно наследство. Потенцира дека самото сочувување на охридскиот регион бара силна владина посветеност за имплементација на сите тие препораки, поголема координација меѓу одговорните министерства и другите институции, ангажман на национално и локално ниво, со соодветна буџетска поддршка. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес