https://scontent.fskp1-1.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/186495099_2995299157413211_4158826143414781360_n.jpg?_nc_cat=107&ccb=1-3&_nc_sid=ae9488&_nc_ohc=gb4UP9cX8vMAX8RWUhP&_nc_ht=scontent.fskp1-1.fna&oh=c9cfb9253f2e3889f0e937779d92d1f6&oe=60C72FB6

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца над 3 години

Пекинг, 11. јуни 2021 (ИНПРЕС) – Вакцината против COVID-19 од кинеската компанија „Синофарм“, која ја создаде Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба на деца на возраст од три до 17 години во Кина, соопштија денеска тамошните власти.

Оваа информација ја објави истражувачот во Центарот за контрола и превенција на болести, Шао Јиминг на прес-конференција.

Кина досега искористи вкупно 845,3 милиони вакцини, а вчера се дадени 20,4 милиони дози, се наведува во податоците на Националната комисија за здравство. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива