Почнуваат фудбалските возбудувања, стартува Европското првенство историско за Македонија

Почнуваат фудбалските возбудувања, стартува Европското првенство историско за Македонија

Рим, 11. јуни 2021 (ИНПРЕС) – По една година одложување поради пандемијата, вечерва во Рим започнува 16-то Европско фудбалско првенство.

Во следните месец дена ќе „царува“ најважната споредна работа на светот, а овој континентален собир ќе остане запаметен по премиерното учество на репрезентацијата на Република Македонија.

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе кои стојат, people playing sports и текст кој вели „UEFA FURO 2020 JAKO JAKO ROM A PRO AKO“

Можно е да е слика од 4 луѓе и луѓе кои стојат

Мразот ќе го скршат репрезентациите на Турција и Италија вечерва од 21:00 часот на стадионот „Олимпико“ во Рим пред 16.000 гледачи. Ќе настапат 24 репрезентации, а натпреварите првпат ќе се играат во 11 земји, по повод и во чест на 60-годишнината од првото ЕП, во 1960 година. Во нокаут-фазата, од 26-ти јуни, ќе се пласираат по две првопласирани репрезентации од секоја од шесте групи и четири најдобри меѓу третопласираните. Финалето е на 11-ти јули, на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Дебитантскиот натпревар на „Црвено-жолтите“ е в недела од 18:00 часот против Австрија во Букурешт. На 17-ти јуни ќе се сретнат со тимот на Украина, а последниот натпревар од групната фаза ќе го имаат на 21-ви јуни со Холандија во Амстердам. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ФФМ/архива