Во септември ќе се одржи 28. издание на фестивалот Охрид фест

Во септември ќе се одржи 28. издание на фестивалот Охрид фест

Скопје/Охрид, 15. јуни 2021 (InPress) – Подготовките за претстојниот „Охрид фест – Охридски трубадури 2021“ се во полн ек, а стартот е закажан за 10-ти септември.

Фестивалот ќе се одржи на сцената на Долни Сарај, каде во две вечери – Фолк и Интернационална, на 10-ти и 11-ти септември, ќе продолжи музичката традиција долга 28 години.

– Минатата година, и покрај неизвесноста со пандемијата, го одржавме фестивалот, на што сме особено горди. Продолжуваме каде што застанавме, очекуваме квалитетни песни кои ја следат трубадурската традиција, но и многу добри поп-композиции и атрактивни гости на Интернационалната вечер, вели Григор Копров, првиот човек на фестивалот.

На фолк вечерта ќе настапат: Благица Павловска, дуетот Баже Груевски и Сани, Ирена Спасовска, Барбара, „Скопски боеми“, Петар Нечовски, „Соната“, Нино Величковски, Петар Христов, групата „Лихнида“ и многу други.

Ќе ги видиме и: „Нокаут“, Ристо Самарџиев, Александар Јосифовски, Димитар Андоновски, Филип Јордановски…, а организаторите најавуваат многу музички изненадувања на Интернационалната вечер.

Годинава „Охрид фест“ посебен акцент и внимание им посветува на новите музички сили, на дебитантите што ќе ја започнат својата музичка кариера токму од Охрид. (Крај)

извор: Вечер фото: Вечер