Вечерва уживајте во крстарење и комедија на бродот „Армада“: Stand up & Cruise со Никола Тодороски

Вечерва уживајте во крстарење и комедија на бродот „Армада“: Stand up & Cruise со Никола Тодороски

Охрид, 24. јуни 2021 (InPress) – Лускузниот брод „Армада“, кој од декември 2019 година е вистински украс на Охридското Езеро продолжува со современа угостителска понуда и интересни промоции.

– Време е за најновото стендап шоу на Никола Тодороски. Час и петнаесет минути интензивна стендап комедија со еден од најдобрите македонски стендап комичари кој Ве кани на незаборавно шоу во кое за момент ќе заборавите за секојдневието, а потоа тој ќе ве потсети и ќе ве натера да се изнасмеете. „Рециклирани конфети“ е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сватат новите генерации, сето ова се само дел од темите со кои Никола се шегува во ова неверојатно шоу. Доколку сакате сериозно добра комедија ова шоу е за вас. Ве предизвикувам убаво да си поминете барем час и петнаесет минути. Шеги кои ќе ги раздвижат вашите стомачни додека уживате во крстарење низ Охридско Езеро. За ваше трајно задоволство ќе се погрижи Илија Богданоски. За време на шоуто важат сите заштитни протоколи пропишани за настани од ваков тип, потенцираат од „Армада“.

Додаваат дека влезниците може да се купат онлајн на armada.mk или да се резервираат на 075/283-066 по цена од 250 денари во претпродажба 250 денари. На денот на шоуто по цена од 300 денари. Влез на бродот во 20:00, а поаѓање во 20:30 часот. (Крај)

извор: InPress фото: архива