Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време со температура до 26. степени

Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време со температура до 26. степени

Охрид, 3. јули 2021 (InPress) – Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време, претпладне и околу пладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени.

– Од недела следува период на стабилно време, освен во понеделник кога ќе има краткотраен локален дожд. Температурата ќе биде во постепен пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: InPress