Пријава за жител на Велешта затекнат без дозвола за време на забрана за движење

Пријава за жител на Велешта затекнат без дозвола за време на забрана за движење

Струга, 8. јули 2021 (InPress) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 30-годишниот Б.И. од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– При контрола извршена на 23-ти мај 2021 година во 00:30 часот, во струшкото село Октиси, полициски службеници го затекнале пријавениот во патничко моторно возило и констатирале дека тој не поседува соодветна дозвола за движење, со што не ја почитувал мерката за забрана за движење на населението од 24:00 до 04:00 часот заради спречување на ширење на коронавирусот Covid-19, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива