Сообраќајка кај „Буково“, повредено едно лице

Сообраќајка кај „Буково“, повредено едно лице

Охрид, 27. јули 2021 (InPress) – На 26-ти јули 2021 година, во 16:50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на депонијата „Буково“, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило „Фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од страна на 70-годишниот С.Л. од Прилеп и товарно возило „Исузу“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот В.Ј. од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Л., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од страна на увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива