Денеска прскање против ларви од комарци

Охрид, 28. јули 2021 (ИНПРЕС) – На барање на Министерството за транспорт и врски денеска до 14:00 часот на територијата на општините Охрид и Струга ќе се спроведе дезинсекција против ларви од комарци.

Активноста се спроведува на просторот од Студенчишкото блато до Подмоље. Центарот за јавно здравје ќе извршува контрола на дезинсекцијата на територијата на општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива