Пријава за стружанец кој вршел такси превоз без лиценца

Пријава за стружанец кој вршел такси превоз без лиценца

Охрид, 28. јули 2021 (InPress) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот А.П. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.

– При контрола извршена на 6-ти јули 2021 година на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека тој врши такси превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива