Жител на Горно Крушје испраќал пораки со недолична и заканувачка содржина преку Facebook до повеќе лица од Охрид

Жител на Горно Крушје испраќал пораки со недолична и заканувачка содржина преку Facebook до повеќе лица од Охрид

Охрид, 28. јули 2021 (InPress) – Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишниот З.И. од ресенското село Горно Крушје.

– Тој, во периодот од декември 2020 до јули 2021 година, преку лажен Facebook профил на повеќе лица од Охрид им испраќал пораки со недолична и заканувачка содржина, обработени и монтирани фотографии и фотографии со заканувачка содржина, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива