Ребалансот на општинскиот буџет пред советниците

Ребалансот на општинскиот буџет пред советниците

Охрид, 30. јули 2021 (ИНПРЕС) – Градските советници денес ќе расправаат по предлог ребалансот на буџетот. 

Ќе се одлучува по предлог измени за 15 програми, меѓу кои за поддршка на локалниот економски развој,  поттикнување на развојот на туризмот, образование, заштита на животната средина и природата како и програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за оваа година.

Советниците треба да се произнесат и по одобрување на планската програма за Ковид центарот во комплексот на општа болница, давање согласност на годишниот план за вработување во општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“ за 2022 година, како и за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта” – Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес