Започнува теренската ревакцинација против COVID-19 во руралните средини од охридскиот регион и општина Дебрца

Започнува теренската ревакцинација против COVID-19 во руралните средини од охридскиот регион и општина Дебрца

Охрид, 3. август 2021 (InPress) – Од денеска, 3-ти август, ќе започне теренската ревакцинација против COVID-19 во руралните средини од охридскиот регион и општина Дебрца.

Тимовите на охридскиот Здравствен дом ќе ги посетуваат селата по истиот распоред како и за првата доза. Ќе се започне со жителите на Подмоље, Оровник, Горенци, Требеништа и Волино.

Во општина Дебрца ревакцинацијата ќе се врши во објекти на општината, месните заедници и основните училишта.

– Во руралните средини во охридскиот регион и во општина Дебрца беа имунизирани околу 800 лица со вакцина против COVID-19, информира за Супер радио и InPress директорката на Здравствен дом Охрид, д-р Ајсел Зејноска. (Крај)

извор: InPress фото: архива