На сила целосна забрана за движење во шумски предели

На сила целосна забрана за движење во шумски предели

Скопје/Охрид, 3. август 2021 (InPress) – Од денеска стапува во сила целосна забрана за движење во шумските предели, соопштија од Владата на Република Македонија.

– Од денеска целосна забрана за движење во шумски предели. Владата апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата, заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите, стои во информацијата. (Крај)

извор: InPress фото: архива