Меѓународен пливачки митинг „Охрид Опен“ 2021

Меѓународен пливачки митинг „Охрид Опен“ 2021

Охрид, 7. август 2021 (InPress) – Во организација на Пливачкиот плуб „Акваспирит“ од Охрид, во недела, на 15-ти август ќе се одржи Првиот меѓународен пливачки митинг „Охрид Опен“ 2021 година.

– На ова еднодневно натпреварување, покрај локалните клубови и школи, ќе настапат и голем број клубови од нашата земја, како и пливачки клубови од соседството, велат од „Акваспирит“ од каде испраќаат благодарност до сите кои ја помогнаа оваа идеја.

Сите заинтересирани, повеќе информации околу натпреварот, пропозициите, пријавувањето и слично можат да добијат на маил адресата aquaspirit.ohrid@gmail.com, на телефоните 078/355-291 и 077/703-686, како и преку online платформата https://plivanje.info/ohrid-open-2021-mkd/. (Крај)

извор: InPress фото: архива