Вевчани, 7-ми август 1987 година, да не се заборави…

Вевчани, 7-ми август 1987 година, да не се заборави…

Вевчани, 7. август 2021 (InPress) – Вевчанскиот случај од далечната 1987 година, кога тогашната власт имала намера да ги каптира Вевчанските Извори, под изговор дека носи вода за жителите од соседното село Октиси, а всушност, имала намера водата да ја користи за елитната викенд-населба Елен Камен, каде што се наоѓале вилите на тогашните челници на власта, и после толку години останува настан кој не смее да се заборави.

На обидот на тогашната власт се спротиставија жителите на Вевчани со поставување на барикади и не се дозволија да се постават водоводните цевки.

Немирите ја достигнаа кулминацијата на денешен ден, 7-ми август 1987 година, кога интервенираа специјални полициски сили, и за првпат во тогашна Југославија биле употребени „електрични пендреци“.

ВЕВЧАНСКИОТ СЛУЧАЈ - МЕТАФОРА ЗА НЕПОКОРОТ

Денешниот ден биде засекогаш запишан во историјата на живеењето на Вевчани, но и во и колективната меморија на гордите вевчанци.

Државата која беше осудена на пропаст, започна да си ги „крши забите“ токму преку плеќите на овој чесен и горд народ, кој застанувајќи зад највредното, водата, всушност кажа гласно НЕ и беше предвесник на настаните кои подоцна ставија крај на заедничката идеја.

No photo description available.

Во историјата, „Вевчанскиот случај“ ќе биде запишан и како метафора на непокорот и вечната борба за опстанок на овој простор.

Младиот поет од Вевчани Дарко Лешоски со неколку зборови одлично ја отслика суштината на вевчанци:

Вевчанец не е ни верска, ни етничка, ни национална определба, нит место на рождање – карактер је!

Повеќе ОВДЕ. (Крај)

извор: InPress/книгата на Алимпие Анѓелски фото: архива