Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 35. степени

Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 35. степени

Охрид, 9. август 2021 (InPress) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 35. степени.

– Денес и утре времето ќе биде претежно сончево и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Со прогнозираните температурни вредности ќе биде активирана жолта, а во југоисточните подрачја, каде максималните температури повторно ќе надминат 40 степени, портокалова фаза за опасност од високи температури. Во среда ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а услови за локален дожд ќе има и во четврток, кога температурите ќе опаднат за неколку степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: InPress