За пет дена заврши тестирањето во Вухан, тестирани над 11 милиони жители

За пет дена заврши тестирањето во Вухан, тестирани над 11 милиони жители

Вухан, 9. август 2021 (ИНПРЕС) – Во рок од само пет дена централниот кинески град Вухан го заврши тестирањето на 11,28 милиони жители, што го спроведе поради зголемувањето на бројот на лица кои се заразија со COVID-19, пренесува Ксинхуа Њуз.

– Тестирани се сите жители на Вухан, освен децата помлади од шест години и студентите кои се на летен одмор, изјави заменик -секретарот на градската влада Ли Тао.

До саботата, во последниот бран од заразата, во Вухан беа регистрирани 37 локални пренесувања на коронавриусот, како и 41 асимптоматски случаи. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива