Струга, 12. август 2021 (ИНПРЕС) – Од денеска Струга е домаќин на 49-от Меѓународен Ракометен Турнир, што ќе се одржува на ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“.
На традиционалниот струшки турнир учество ќе земат шест македонски екипи, а годинава ќе отсуствуваат странски тимови.
Домаќините се во групата А и ќе се натпреваруваат со Вардар и Бутел. Првиот натпревар против Вардар им е од 18:30 часот. Битолски Еурофарм Пелистер ќе се обиде да го одбрани трофејот преку мечевите со Металург и Тиквеш.
Според распоредот, можно е ново финале меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, кои се сретнаа минатата сезона.
Финалето ќе се одржи на 15-ти август од 21:15 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива