Вечерва во Велгошти манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Вечерва во Велгошти манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Охрид, 13. август 2021 (ИНПРЕС) – Вечерва во атарот на црквата „Св. Петка” во охридското село Велгошти ќе се одржи традиционалната манифестцација „Вечер на Чинго“.

Ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, обраќање на претставник на општина Охрид, по што ќе биде доделена наградата за најдобар расказ. Годинашен добитник е Јована Матевска Атанасова, романсиерка и рецензентка, автор на расказот „Пура во Осака“.

Покрај тоа, ќе биде промовирана „Книга за Чинго“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а промотор ќе биде проф.д-р Виолета Ачкоска, по што ќе следи културно – уметничка програма. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива