Прва изложба на фотографии на охриѓанката Нина Ангелоска

Прва изложба на фотографии на охриѓанката Нина Ангелоска

Охрид, 13. август 2021 (ИНПРЕС) – Младата охриѓанка Нина Ангелоска в недела, 15-ти август, ќе ја одржи нејзината прва изложба на фотографии.

Таа веќе подолго време преку фотографскиот објектив ги овековечува препознатливите локации низ Охрид. Изложбата е во рамки на манифестацијата „Културно лето Пештани 2021“. Ќе се одржи во ресторанот „Кај Местоно“ од 20:30 часот.

Покрај фотографијата, Ангелоска е автор на документарниот филм „Животот и традицијата на младите“, во кој преку раскажувањето на баба Менка ни ги пренесе обичаите и настаните околу и за време на поголемите зимски празници во охриското село Пештани, како и на „Некогаш и сега“ во кое ни ја прикажува денешната сурова реалност и патењето по минатото.

Нина е ученичка во охридската гимназија и покрај другарувањето со фотоапаратот и пасијата кон фотографирањето тренира и карате и има освојувано бројни медали. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива