Излезе  документарниот филм „Славеј планина во славна Дебрца“

Излезе документарниот филм „Славеј планина во славна Дебрца“

Дебрца, 16. август 2021 (ИНПРЕС) – Во рамки на проектот „Дебрца-неизгаснати огништа”, со финансиска поддршка на општината снимен е документарниот филм „Славеј планина во славна Дебрца“.

Без спознанието за нашето минато, иднината ќе ни биде целосно неизвесна, напиша на својот профил на Фејсбук градоначалникот Зоран Ногачески.

– Дебрца е дел од светското културно наследство и секоја промоција на нејзините историски и културни вредности преку најразлични културни содржини е во функција на нејзиниот културен и севкупен развој, додава Ногачески.

Во рамки на проектот ќе се подготват шест документарно-патописни репортажи под работен наслов „Патуваме низ Славна Дебрца“, документарен филм за Дебрца и романизирана историска повест. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива