Ново поевтинување на горивата

Ново поевтинување на горивата

Скопје/Охрид, 16. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од полноќ повторно се намалуваат цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот (Д-Е V) поевтинуваат за половина денар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува. Се намалува и цената на мазутот М-1 НС за 0,195 денари за килограм и ќе изнесува 36,681 денари.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 71,50 денар/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 73,50 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 62 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 62 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 36,681 денари/килограм. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива