Нов Зеланд поради еден нов случај на COVID-19 воведува локдаун

Нов Зеланд поради еден нов случај на COVID-19 воведува локдаун

Велингтон, 17. август 2021 (ИНПРЕС) – Нов Зеланд денеска го пријави првиот случај на COVID-19 во земјата после речиси шест месеци, соопштија здравствените работници, а премиерката Јацинда Ардерн поради тој случај најави ново затварање на земјата, пренесува Гардијан.

Министерството за здравство на Нов Зеланд соопшти дека првиот случај на коронавирус бил пријавен во Аукланд.

Локдаунот во градот ќе трае една недела, а во целата земја ќе трае три дена. Ардерн изјави дека властите претпоставуваат дека новозаболеното лице е заразено со делта сојот, но тоа се уште не е потврдено.

Последниот случај со COVID-19 во Нов Зеланд бил регистриран на 28-ми февруари.

На Нов Зеланд има 5 милиони луѓе, а беа забележани вкупно 2570 случаи на вирусот со 26 смртни случаи во текот на пандемијата. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива