Познавачите предвидуваат: Паметните телефони ќе исчезнат за 10 години

Познавачите предвидуваат: Паметните телефони ќе исчезнат за 10 години

Софија, 18. август 2021 (ИНПРЕС) – За само 10 години, како што предвидуваат стручни лица, паметните телефони ќе бидат целосно исфрлени од употреба и најверојатно ќе бидат заменети со други технологии.

Како што пишува БГНЕС, мобилниот уред денес е потребен, речиси, само за потврда на корисникот и пренос на податоци. Лицето може да се идентификува на разни начини, на пример – преку препознавање лице, глас или отпечатоци од прсти, а информациите може да се проектираат и на ѕид или стакло со помош на ИОТ-сензори (ИОТ – „Интернет на нештата“).

Затоа, сметаат познавачите, телефонот е застарена потреба. За 10 години ќе исчезне и ќе биде заменет со нас, луѓето. И бабата, на пр., која е изгубена во градот, нема да има потреба да се јави никаде – ќе може само „да го праша ѕидот“ – Како можам да стигнам дома? И „ѕидот“ ќе ѝ го покаже патот, со стрелки. Американските научници, инаку, создадоа и уред којшто може да генерира енергија од човечки прсти. Се работи за тенка лента како напрсток. Најголемата количина електрична енергија притоа се генерира кога рацете се потат и при допир со други површини (пиезоелектричен ефект). (Крај)

извор: Опсервер фото: архива