Утре затворена за сообраќај улицата „Абас Емин“

Утре затворена за сообраќај улицата „Абас Емин“

Охрид, 18. август 2021 (ИНПРЕС) – Поради поставување на втор асфалтен слој,  улицата „Абас Емин“, утре ќе биде затворена за сообраќај, информираат од општина Охрид. 

За сообраќај ќе биде затворен потегот од пресекот со улица „Охридска Бригада“ до пресекот со улица “Железничка“.

Градежните активности ќе започнат во 05:00 часот наутро, па од локалната упатуваат апел до жителите во овој дел од градот да ги отстранат своите возила од коловозните ленти и тротоарите од вечерва со цел истите да не бидат оштетени. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива