Ново поевтинување на горивата

Ново поевтинување на горивата

Скопје/Охрид, 23. август 2021 (ИНПРЕС) – Од полноќ повторно се намалуваат цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за еден денар, Еуросупер БС-98 за 1,50 денари, а Еуродизелот (Д-Е V) поевтинува за половина денар. Се намалува и цената на мазутот М-1 НС за 0,751 денари за килограм.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 70,50 денар/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 72 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 61,50 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 61 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 35,930 денари/килограм. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива