Министерство за здравство: Вчера се вакцинираа 14.712 граѓани

Министерство за здравство: Вчера се вакцинираа 14.712 граѓани

Скопје/Охрид, 24. август 2021 (ИНПРЕС) – Вакцинацијата против COVID-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

– Вкупно се аплицирани 1.177.911 дози вакцини, а ревакцинирани се 503.401 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 14.712 граѓани.  Прва доза вакцина вчера примиле 13.108 граѓани. 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.  68% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. 64% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина. 55% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина, додаваат од Министерството за здравство на Република Македонија. (Крај)ж

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство