Д-р. Балески: Хоспитализирани се 32 ковид пациенти, најмладиот има 26 години

Д-р. Балески: Хоспитализирани се 32 ковид пациенти, најмладиот има 26 години

Охрид, 24. август 2021 (ИНПРЕС) – Во модуларната болница во Охрид се хоспитализирани 32 ковид пациенти.

Од нив 11 се на кислородна поддршка. Најмладиот пациент има 26 години, а од повозрасните има и на возраст од 70/80 години, вели за Супер радио и InPress директорот д-р Горан Балески.

– Оние пациенти што се на кислород не се вакцинирани и се со потешка клиничка слика. Има огромна разлика во состојбата меѓу вакинирани и невакцинирани. Имаме пациент со тешка клиничка слика без примена вакцина и со малигна болест, кој е на кислород. Моментално имаме околу 17 слободни кревети, вели д-р Балески.

Охрид месецов речиси секојдневно го има во извештаите со новозаболени од COVID-19. Вчера беа регистрирани 5 нови случаи и 14 оздравени лица. Моментално во градов има 294 активни случаи.

Охриѓани покажаа голема свесност кога станува збор за вакцинацијата, па интересот и натаму е голем. Од неодамна вакциналниот пункт е префрлен од модуларната болница, во салата за психофизичка подготовка на трудници. На располагање се вакцините на „Фајзер“,„ Астра зенека“ и „Синовак“, по желба на граѓаните. Деновиве се имунизираат здравствените работници од Охрид кои сé уште не примиле вакцина против COVID-19. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес