Стартува новата фудбалска сезона, Беса прв противник на ГФК Охрид Лихнидос

Стартува новата фудбалска сезона, Беса прв противник на ГФК Охрид Лихнидос

Охрид, 25. август 2021 (ИНПРЕС) – Денеска фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос ја започнуваат новата фудбалска сезона во Втората македонска лига-Запад.

Прв прв противник на „рибарите“ ќе им биде екипата на Беса Добридол. Натпреварот ќе се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ од 16:00 часот. Влезниот билет чини 100 денари.

Покрај стандардните билети, од ГФК Охрид Лихнидос информираат дека во продажба ќе пуштат и сезонски билети, кои ќе важат за првенствените и куп натпреварите.

– Сезонските билети чинат 1.000 денари. За сите кои ќе купат сезонски билети ќе следува изненадување од клубот во тековната сезона. Информација околу билетите на бројот 078 255 234 (Денис), или на нашиот Фејсбук профил. Во согласност со мерките и протоколите од Комисијата за заразни болести капацитетот на стадионот ќе биде отворен со 50%, а на влез од стадионот мора да се покаже сертификат за вакцина или за прележан COVID -19, не постар од 45 дена, информираат од клубот.

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и текст

Во пресрет на новата сезона, клубот ги засили своите редови со уште еден фудбалер, играчот за врска, Амар Колашинац, кој доаѓа од Олимпија Љубљана и се очекува да биде вистинско освежување во играта на охридскиот клуб. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГФК Охрид Лихнидос