Потешка сообраќајна несреќа над Хидробиолошкиот завод

Потешка сообраќајна несреќа над Хидробиолошкиот завод

Охрид, 25. август 2021 (ИНПРЕС) – Потешка сообраќајна незгода се случи денеска, нешто по 10:30 часот на магистралниот пат Охрид-Св. Наум, над Хидробилошкиот завод.

Причинета е поголема материјална штета, оштетено е возило марка „Опел“, што се движело во насока кон Охрид.

Во текот на денот се очекуваат повеќе детали за причините што довеле до сообраќајката, како и дали има повредени. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес