„Рибарите“ со победа ја стартуваа новата сезон

„Рибарите“ со победа ја стартуваа новата сезона

Охрид, 26. август 2021 (ИНПРЕС) – Со победа над Беса Добридол, фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос ја започнаа новата натпреварувачка сезона во Втората лига-Запад.

Со високи 4-1 (1-1) славеа на домашен терен. Повратникот во охридскиот состав, Игор Клечкароски два пати ја затресе противничката мрежа, а Борјан Пановски и Виктор Наумовски по еднаш.

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе играат американски фудбал, луѓе што стојат и трева

Во второто коло веќе в недела рибарите гостуваат кај Кадино. Натпреварот е од 16:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГФК Охрид Лихнидос