Филипче: Сите пандемии и епидемии, историски гледано завршиле со вакцинација, а не со прележување на болеста

Филипче: Сите пандемии и епидемии, историски гледано завршиле со вакцинација, а не со прележување на болеста

Скопје, 26. август 2021 (ИНПРЕС) – Охрабруваат новите бројки на дијагностицирани, во смисла на тоа дека опаѓаат, но сепак многу рано е да се каже дека ова е некаков тренд, потенцира денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Повика на масовна вакцинација, особено на родителите чии деца ќе тргнат на училиште и во градинка, за да се заштитат семејствата.
– Ова е единствен начин да се смени сликата за пандемијата, сите пандемии и епидемии историски гледано завршиле со вакцинација, а не со прележување. Ова нема да престане додека сите не се вакцинираме. Наскоро ќе бидат споделени и анализите за тоа колку лица досега двапати се заразиле со вирусот, колку од нив се вакцинирани со две дози, анализа направена од Институтот за јавно здравје, вели Филипче.

Не се исклучува да се донесат и нови препораки за да се намали бројот на заразени од коронавирус, но тоа ќе зависи од состојбата.

– За време на овој бран огромен број од починатите, да не речам сите се со хронични болести на кардиоваскуларниот систем и белите дробови – истакна министерот.

Во светот веќе се разговара за трета доза, можеби ќе стане вакцината сеознска, рано е да се каже. Трета доза веќе примаат луѓе кои имаат трансплантирани органи или се на хронична дијализа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива