„Гладијаторите“ подобри од Тиквеш на стартот на новата сезона

„Гладијаторите“ подобри од Тиквеш на стартот на новата сезона

Охрид, 13. септември 2021 (ИНПРЕС) – Охридските ракометари со победа ја стартуваа новата суперлигашка сезона.

Во првото коло на домашен терен го совладаа кавадаречки Тиквеш со 29-24 (13-9), а „гладијаторите“ имаа водство во текот на целиот меч.

На особена радост на вљубениците во ракометот, по година и пол пауза, публиката се врати на трибините во салата „Билјанини извори“.

Во следното коло ги очекува „езерското“ дерби што го играат на гости во Струга, по што ќе следи мечот против Вардар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива