Во јули во Охрид издадени 15, во Струга 2 дозволи за градба

Во јули во Охрид издадени 15, во Струга 2 дозволи за градба

Охрид, 13. септември 2021 (ИНПРЕС) – Во јули оваа година во Охрид биле издадени 15 одобренија за градба, објави од Државниот завод за статистика.

Во седум случаи како инвеститор се јавува физичко лице, а во осум правен субјект. Предвидена е градба на 46 станови со вкупна корисна површина од 2.343 м².

Во анализираниот период во Дебрца нема издадени одобренија за градење, додека во Струга се издадени само две дозволи и тоа на правно лице. Предвидена е градба на 30 станови со вкупна корисна површина од 2.360 м².

На ниво на Македонија во јули се издадени 446 одобренија за градење. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 284 се наменети за објекти од високоградба, 50 за објекти од нискоградба и 112 за објекти за реконструкција.

Од вкупно 446 објекти, на 201 како инвеститор се јавуваат физички лица, а на 245 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.945 станови, со вкупна корисна површина од 153.184 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива