Вечерва и утревечер снимка од „Охрид фест 2021“ на МРТ

Скопје/Охрид, 13. септември 2021 (ИНПРЕС) – Вечерва и утревечер на првиот канал на МРТ ќе се емитуваат снимките од годинашното 28-мо издание на фестивалот „Охрид фест 2021“.

Новите 16 фолк мелодии публиката ќе може да ги чуе вечерва од 21:05 часот. Настапија Благица Павловска, Перо Христов, Барбара, Нино Величковски, дуетот Баже Груевски и Сани, Ирена Спасовска, Ибуш Ибраимовски, Петар Нечовски и други, а групата „Скопски боеми“ настапи во ревијалниот дел.

Утревечер пак во истиот термин ќе се емитува интернационаланата вечер. На сцената на Долни Сарај се слушнаа 19 песни, покрај нашите изведувачи, гостуваа пеачи од Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, а Владо Калембер имаше свое шоу.

Фестивалот требаше да се одржи на 10-ти и 11-ти септември, но поради деновите на национална жалост Советот на фестивалот „Охрид фест 2021“ одлучи истиот да се снима, без присуство на публика, без новинари и без доделување награди. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива