Нова корекција на цените на бензините, кај дизелот нема промена

Скопје/Охрид, 13. септември 2021 (ИНПРЕС) – Од полноќ поскапуваат бензините, нема корекција на цената на дизелот.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за еден денар. Цените на Еуродизелот (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како изминатава недела. Се зголемува цената на мазутот М-1 НС за 0,552 денари за килограм.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 73 денар/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 75 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 63,50 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 63 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 38,395 денари/килограм. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива