„Гладијаторите“ славеа во „езерското“ дерби

„Гладијаторите“ славеа во „езерското“ дерби

Струга/Охрид, 17. септември 2021 (ИНПРЕС) – Охридските ракометари славеа во „езерското“ дерби во рамки на второто коло од Супер лигата.

„Гладијаторите“ ја совладаа Струга со 19-21 (11-11), со што ја оправдаа фаворитската улога. Одлучувачки момент беше одбраната на голманот Јагош Брауновиќ во последните минути на натпреварот. Иако не им беше дозволено присуство во сала, тоа не ја спречи навивачката група „Рибари“ еуфорично да ја прослави победата на ракометарите по враќањето од Струга.

Можно е да е слика од еден или повеќемина, луѓе што стојат, оган, толпа и огномети

Моментално „гладијаторите“ имаат 6 бодови, а следен противник им е Вардар на домашен терен.(Крај)

извор: ИнПрес фото: ГРК Охрид/Рибари