Од денеска до 24-ти септември затворен за сообраќај дел од улицата „Кленоец“ кај Касарната

Од денеска до 24-ти септември затворен за сообраќај дел од улицата „Кленоец“ кај Касарната

Охрид, 17. септември 2021 (ИНПРЕС) – Поради одржување на Меѓународната вежба NATO EADRCC (Евроатлански центар за координација на одговор при катастрофи), која ќе се реализира Охрид, во периодот од 20-ти до 25-ти септември, од денеска до 24-ти септември ќе биде целосно затворена за сообраќај улицата „Кленоец“ во делот кој поминува низ Касарната.

Од локалната самоуправа со апел до сите учесници во сообраќајот да го одбегнуваат овој дел од улицата со што би се избегнале застои во сообраќајот на околните улици.

Соочувањето на државата со можно сценарио на катастрофален земјотрес што би го зафатил Охридско-струшкиот регион и начинот на искористувањето на своите ресурси, како и помош од партнерите од НАТО во услови кога се исцрпени сите постоечки капациети за справување со кризата е сценариото на големата вежба на НАТО „Македонија 2021“ што деновиве ќе се одржува на повеќе локации во Охрид и Струга. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива