„Гладијаторите“ покажаа силен отпор, но трите бода од Охрид ги однесе Вардар

„Гладијаторите“ покажаа силен отпор, но трите бода од Охрид ги однесе Вардар

Охрид, 20. септември 2021 (ИНПРЕС) – Охридските ракометари беа поразени на домашен терен од Вардар со 29-31 (11-15) во третото суперлигашко коло, но сепак покажаа одлична игра.

Ова е прв пораз за „гладијаторите“ сезонава, кои сепак не им овозможија на вардарци лесно да дојдат до трите бода. Најефикасни во нашиот состав беа Шилегов и Додиќ со по шест гола, Милошевиќ постигна пет, а Тасески четири.

ГРК Охрид е на четвртата позиција со 6 бодови. Следен противник ќе им биде Радовиш, на гостински терен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива